ОПШТИ УСЛОВИ за користење на електронската база на прописи ПРАКСИС

  1. Со овие општи услови се определуваат условите за користење на електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС (во натамошниот текст: ПРАКСИС).

  2. ПРАКСИС е сопственост на Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје (во натамошниот текст: АЦТ!).

  3. Авторските права на ПРАКСИС се заштитени и му припаѓаат на сопственикот АЦТ!. Се забранува користење на податоците од ПРАКСИС за комерцијални цели. Секое неовластено користење, копирање и дистрибуција на прописите и другите податоци содржани во ПРАКСИС претставува кривично дело и подлежи на кривично гонење.

  4. ПРАКСИС е база на прописи која овозможува пристап до:

    • стручно изработени пречистени текстови на закони;

    • основниот закон, новелите и одлуките на уставниот суд, како и подзаконските прописи кои произлегуваат од законот;

    • судски одлуки поврзани со законот;

    • поврзани прописи на ЕУ и други држави;

    • корисни информации за корисниците на услугите кои се поврзани со конкретниот закон (на пр. објави на стечајни постапки дадени како корисни информации во Законот за стечај, обрасци кои произлегуваат од Законот за трговските друштва, модели на тендерски документации кои произлегуваат од Законот за јавните набавки, колективни договори во Закон за работните односи итн.);

    • резимеа на прописи во кои на краток и разбирлив јaзик се презентирани основните информации за содржината на законот;

    • преводи на законите на англиски јазик;

    • пречистени текстови на законите, основниот закон и новелите на албански јазик.

  5. Дефиниција на термини користени во општите услови, формуларот за регистрација и потврдата за склучен претплатнички договор:

    1. Претплатник – означува правно или физичко лице со кое АЦТ! склучува претплатнички договор – обврзник за плаќање на цената за претплатата/ите;

    2. Корисник – означува лице кое е регистрирано на ПРАКСИС и на ко му е дозволен пристап на ПРАКСИС преку електронска пошта (корисничко име) и лозинка;

    3. Потврда за склучен претплатнички договор – претставува документ во писмена форма кој го издава АЦТ! на претплатникот и со кој се потврдува дека е склучен претплатнички договор.

    4. Прописи – означува секаков документ (акт, информација) за кој е овозможен пристап на корисникот на ПРАКСИС;

    5. Кориснички пристап – означува право на корисникот да има пристап до прописите на ПРАКСИС;

    6. Траење на претплатнички договор – го означува временскиот период на важност на корисничкиот пристап до ПРАКСИС утврден во склучениот претплатнички договор;

    7. Администратор – означува лице овластено од АЦТ! кое ги уредува корисничките пристапи;

    8. Пристапно место – означува секое место на кое има интернет конекција и од каде корисникот може да пристапи на ПРАКСИС;

  6. До ПРАКСИС се пристапува откако ќе се пополни формуларот за регистрација, преку кој претплатникот доставува податоци за себе и за корисникот/ците.

  7. По приемот на формуларот за регистрација, администраторот издава потврда за склучен претплатнички договор и фактура, која ја доставува до претплатникот на адресата за е-пошта наведена во формуларот за регистрација во делот за податоците за претплатникот.

  8. Претплатникот има право да ги менува корисниците во текот на траењето на претплатничкиот договор. За секоја промена на корисникот, на претплатникот му се издава потврда за промена на корисник.

  9. АЦТ! исклучиво е одговорен за работата на серверот на кој се прикачени прописите на ПРАКСИС.

  10. Еден кориснички пристап не може да се користи истовремено од повеќе пристапни места.

  11. Еден кориснички пристап може да се користи исклучиво од страна на корисникот наведен во формуларот за регистрација. Се забранува користење на еден кориснички пристап од страна на повеќе лица.

  12. ПРАКСИС овозможува едноставно печатење и копирање на текст од избраниот пропис на ПРАКСИС. Најстрого се забранува печатените и копираните текстови од ПРАКСИС да се користат за комерцијални цели.

  13. ПРАКСИС овозможува едноставно пребарување на бараниот пропис (закон, подзаконски пропис или корисна информација).

  14. ПРАКСИС овозможува напредно пребарување преку различни параметри, како што се ТАГ-ови и категории дефинирани од страна на ПРАКСИС

  15. Почетокот и крајот на претплатата, цената на чинење, начинот и рокот на плаќање се наведува во потврдата за склучен претплатнички договор.

  16. Доколку претплатникот не ја плати цената на чинење во рокот наведен во фактурата, АЦТ! го задржува правото да го исклучи претплатникот од натамошно користење на базата на прописи.

  17. Претплатничкиот договор се продолжува по автоматизам доколку претплатникот не изјави приговор во рок од 8 дена по приемот на потврдата за склучување на новиот претплатнички договор, која ќе му се доставува по истекот на рокот за којшто е склучен претходниот претплатнички договор.

  18. На корисниците им е обезбедена корисничка поддршка на посебна телефонска линија и адреса за е-пошта преку кои ги доставуваат сите прашања и проблеми поврзани со користењето на ПРАКСИС.

  19. ПРАКСИС го задржува правото да ги менува општите услови за користење на базата на прописи.

Со Почит!

Ваш АЦТ! ДОО Скопје

Политика на приватност

Зошто Политика на приватност?

Друштвото за консултански услуги АЦТ! ДОО Скопје (АЦТ!) е контролор на збирките на лични податоци кои се обработуваат преку Електронската база на прописи и судски одлуки ПРАКСИС, односно веб локацијата: www.praksis.mk. АЦТ! ги собира, обработува и чува вашите лични податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци и заради исполнување на целите поради кои истите се собрани. По истекот на законскиот период, истите ќе бидат избришани. АЦТ! се обврзува да ја заштити приватноста на секој кој што ja посетува нашата веб локација, комуницира со нас, се регистрира и претплатува на нашите услуги. Информациите кои ги собираме и обработуваме се со цел да обезбедиме ефикасност и персонализација при користење на нашите услуги. Нашата Политика за приватност ви помага да разберете какви информации АЦТ! собира, обработува и чува. За нас e важно вашето задоволство од нашите услуги, како и заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓаме во контакт во текот на работењето. Ве молиме, внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. Можете да пристапите до Политиката на приватност во секое време на веб страницата www.praksis.mk. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб локацијата значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме да не ја користите веб локацијата. Политиката за приватност на АЦТ! се заснова на прописите за заштита на личните податоци кои во електронска форма може да ги симнете од веб локацијата на Агенцијата за заштита на личните податоци (www.аzlp.mk).

Како ги собираме и обработуваме личните податоци?

АЦТ! ги собира од вас само оние лични податоци кои вие лично ги внесувате при регистрација во Електронската база на прописи и судски одлуки ПРАКСИС со цел да станете корисник на услугите преку нашата веб локација или кога барате да ви доставуваме информации преку адреса за е-пошта. Личните податоци кои се собираат зависат од тоа дали пристапувате како посетител или сте наш регистриран корисник, при што можат да се соберат следните лични податоци: име и презиме, адреса за е-пошта и телефонски број. На серверот ќе биде забележан запис (log) од каде сте пристапиле при посетување на нашата веб страница, односно ќе биде зачувана IP адресата, како податок што може да открие за кое лице и локација точно станува збор во моментот на вашето најавување како корисник на веб локацијата.

Како се користат вашите лични податоци?

АЦТ! може да ги открие вашите личните податоци само во случаи каде што тоа е дозволено или законски уредено, а со цел да ги искористи своите права и да ги заштити своите деловни интереси или да постапи во согласност со судски наредби или други правни барања. Личните податоци ги обработуваме за подобро разбирање на вашите потреби и подобрување на нашите услуги. Исто така, ги обработуваме овие податоци за да ве известиме за нови услуги и специјални понуди и акции кои сметаме дека ќе бидат интересни за вас, како и за важни промени на веб локацијата. Вие како наш корисник, имате право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства за комуникација, да ја повлечете вашата согласност за обработка на вашите лични податоци, целосно или како дел од вашите лични податоци кои претходно биле собрани, обработувани и чувани.

Како се чуваат вашите лични податоци?

Вашите лични податоци се обработуваат и чуваат на т.н. клауд платформа, односно на сервери кои се наоѓаат во Европската унија, при што компанијата обработувач (Microsoft) работи во согласност со легислативата за заштита на личните податоци на Европската унија. Личните податоци во електронска форма се чуваат се додека е активна вашата претплата. Во рок од 90 дена од престанување на претплатата, било да е тоа по ваше барање или со изминување на периодот на претплата престанува чувањето на вашите лични податоци.

Како се заштитуваат вашите лични податоци?

Свесни сме дека можеби сте загрижени за приватноста и доверливоста на вашите лични податоци, па затоа преземаме заштитни мерки за да се осигураме дека овие информации се заштитени. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, АЦТ! ги презема сите потребни технички, организациски, административни и физички мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци. Пристапот до вашата корисничка сметка е заштитен со корисничко име и лозинка (алфанумеричка – задолжителна комбинација од букви и бројки). Ви препорачуваме да не ја споделувате оваа информација со некој друг. Никогаш не ја запишувајте лозинката и никогаш не ја праќајте лозинката по адреса за е-пошта на нас или на некој друг. Никогаш не дозволувајте некому да види што чувате, особено на јавно место. Секогаш одјавете се откако ќе ја завршите најавата.

Политика за колачиња (Cookies)

"Cookies" е технологија која и овозможува на нашата веб локација да зачува белези на информации во вашиот интернет пребарувач. На вашиот интернет пребарувач му се доделува идентификатор кој е препознаен само од страна на нашата веб локацијата, се додека сте на локацијата, но не ве идентификува вас лично. "Cookies" ни помага во следењето на вашите потреби и навики, при што ни овозможува да даваме подобра услуга кон нашите корисници. Доколку не сакате да добивате колачиња од веб локацијата на ПРАКСИС, можете да ги наместите поставките на вашиот пребарувач да ве извести секогаш кога ќе примите колаче и на тој начин овозможувајќи ви да одлучите дали ќе го прифатите или не. Одредени колачиња содржат лични податоци. Со кликнување на „Запомни ме" кога ќе се најавите во делот од веб локацијата наменет за корисници, користејќи корисничко име и лозинка, колачето ќе го зачува вашето корисничко име. АЦТ! користи т.н. „Упорни колачиња“ (Persistent Cookies), кои остануваат зачувани на вашиот компјутер се додека не побарате од вашиот интернет пребарувач да ги избрише. АЦТ! нуди одредени услуги кои се достапни само преку употреба на колачињата. Колачињата од суштинско значење ни овозможуваат да ги идентификуваме регистрираните корисници за да можат да пристапат на целата база. Ако регистрираниот корисник избере да се оневозможат овие колачиња, нема да биде во можност да пристапи до сите податоци на базата. Овие колачиња имаат трајност се додека сте најавени на нашата веб локација. Колачињата за подобри перформанси можат да се користат за анализа како корисниците ја користат базата, како и да се следат перформансите на системот. Тоа ни овозможува да ви обезбедиме висок квалитет на услугата како и специфична понуда наменета токму за вас. На пример, овие колачиња може да се користат за да пратиме кои страници се најпопуларни или да утврдиме зошто на некои страници се добива порака за грешка. Исто така, овие колачиња може да се користат за да се потенцираат услуги кои се од интерес за вас, врз основа на вашето користење на системот. Функционалните колачиња ги користиме за да запаметиме параметри на некои корисници, како што се: поздравување на претплатникот, место/град од каде претплатникот се логирал, дадени коментари или предлози.

Поврзување со други веб локации

Ако се поврзете од нашата веб локација на независен линк воден од трета страна, ние не можеме да обезбедиме заштита на која било информација која ја доставувате. Страниците на трети лица може да имаат своја политика на собирање податоци кои се надвор од нашата контрола. Секој личен податок кој го доставувате на трети лица ќе биде регулирана од нивната политика за приватност, доколку ја имаат. АЦТ! не преземе одговорност за овие дејства.

Пристап до вашите лични податоци

Имате пристап до вашите лични податоци во секое време. Доколку сакате да проверите какви лични податоци обработуваме за вас, контактирајте не доленаведените адреса, телефонски број или адреса за е-пошта. Во секое време можете самите да ги промените вашите лични податоци, преку најавување како регистриран корисник во делот кориснички профил.

Употреба на веб страницата од страна на деца

АЦТ! особено се грижи за заштитата на личните податоци и приватноста на децата. Нашиот систем нема да прифати внесување на лични податоци за деца.

Промени во Политиката за приватност

Го задржуваме правото да вршиме изменување или дополнување на Политиката за приватност во кое било време, а таквото изменување или дополнување влегува во сила со самото објавување на веб страницата на АЦТ!.

Контакт

За сите прашања поврзани со вашите лични податоци обрабтувани од АЦТ! обратете се директно до нас: Адреса: ул. Мирослав Крлежа бр.18, 1000 Скопје Телефонски број: 02/3212 -312 Адреса за е-пошта: kontakt@praksis.mk