Забрзајте ги вашите правно-истражувачки задачи.

ПРАКСИС има врвни технолошки функционалности кои ќе ви помогнат да ги скратите правно-истражувачките задачи од часови на неколку минути.

Praksis-mockup

Вашата нова истражувачка алатка

Не ви се потребни други платформи

Најдете ги сите одговори, на едно место!

Сеопфатна база на правни акти

Забрзајте го вашето правно истражување со нашата сеопфатна правна база.

Базата ги содржи сите релевантни правни акти и сето она што им потребно на правниците во секојдневната работа:

  • Сите правни акти (закони, подзаконски акти и колективни договори) кои се во сила

  • Од оригиналниот текст на актите преку новелите и одлуки на Уставен суд, како и неважечки закони

  • Пречистени текстови на сите закони и значителен број подзаконски акти

  • Судски одлуки – врховни, кривични, управни и одлуки на Европскиот суд за човекови права

Дневни ажурирања

Со претплата на ПРАКСИС никогаш нема да ги пропуштите ажурираните информации за кои добивате дневни известувања по е-пошта за кој било нов објавен правен акт, документ или информација во категории избрани од корисникот.

Дневни ажурирања на различни документи како:

  • Новели на прописите

  • Пречистени текстови на закони

  • Подзаконски акти

  • Објави на стечајни и ликвидациони постапки

Пречистени акти

Обезбедете правна точност со ажурираните пречистени текстови.

Подобрете ја правната сигурност со ажурираните пречистени текстови на изменети акти, вклучувајќи:

  • Сите национални закони на македонски и албански јазик во секое време

  • Превод на англиски јазик на клучните национални закони

  • 150+ пречистени клучни подзаконски акти

Едноставна корисничка навигација

Едноставен пристап до сите релевантни правни документи со компаративен преглед.

Пристап без напор до сите поврзани правни документи и преглед на сите релевантни информации дизајнирани со едноставна корисничка навигација:

  • Ефективни пребарувања со помош на називи или клучни зборови и напредни пребарувања преку бројни филтри

  • Едноставна компаративна презентација на поврзани и линкувани правни акти и документи на еден екран

  • Судски одлуки поврзани со конкретни членови во прописите кои може директно да се отворат и прегледаат

Направете го првиот чекор и обезбедете бесплатен пробен период без обврзувачки услови!

  • Пребарувајте низ сите содржини

  • Напредно пребарување и резиме на прописи

  • Без обврзувачки услови

Често поставувани прашања

Што е ПРАКСИС и каков вид на правни информации обезбедува?

ПРАКСИС е електронска база на прописи, пресуди и преводи која на практичарите / правните практичари / корисниците им обезбедува веродостојни и ажурирани правни информации. Нуди сеопфатна колекција на прописи вклучувајќи го основниот текст, консолидираната верзија, судски одлуки, предлог закони, прописи од регионални земји и ЕУ законодавството и преводи на прописите. Заедно со многу функционалности што го прават вашето искуство што е можно поедноставно и пријатно.

Што го разликува ПРАКСИС од други платформи за правни истражувања?

Праксис обезбедува голем број функционалности и придобивки што не можете да ги добиете од која било друга база на податоци освен нашата. Постојано растеме, па затоа немојте да се изненадите кога повремено ќе видите дека се додаваат нови вредни функционалности!

Колку често се ажурираат правните информации на ПРАКСИС?

Ве уверуваме дека ПРАКСИС се ажурира повеќе пати на дневно ниво со цел да обезбедиме валидна информација речиси во реално време, односно во најскоро време од нејзиното објавување. Не грижете бидејќи на ПРАКСИС нема да добиете застарени информации.

Како можам да пристапам на ПРАКСИС и кои се системските предуслови?

Можете да пристапите на ПРАКСИС од било кој уред со интернет врска, секогаш и од секаде!

Како да знам дали базата е наменета за мене?

Им нудиме 14-дневен бесплатен пристап на нашите нови клиенти без обврзувачки услови. Проверете и уверете се лично како ПРАКСИС ги воодушеви нашите 1000+ клиенти!
Започнете со вашиот 14-дневен бесплатен пробен пристап

Како можам да добијам корисничка поддршка доколку имам прашања или се соочувам со технички проблеми?

Можете да ни пишете преку контакт формата или да ни испратите е-меил на kontakt@praksis.mk. Доколку имате потреба од било каква техничка асистенција секогаш можете да побарате бесплатна асистенција и да ја добиете бараната помош. Задоволство ни е да ги дадеме одговорите на какви било прашања! / Ќе ни биде задоволство да ги одговориме сите ваши прашања!

Дали користењето на ПРАКСИС се наплаќа и кои се опциите за претплата?

Откријте ја разновидноста на посебно скроените претплатнички понуди за правни и физички лица. Нема предизвик кој не сме го надминале и не постои клиент кој останал незадоволен со нашите претплатнички понуди. Доколку имате специфични потреби, побарајте бесплатен пристап, а нашите продажни специјалисти ќе ве исконтактираат за да ви ги презентираат сите функционалности на ПРАКСИС и да ги одговорат сите ваши прашања.