Електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС е сопственост на Друштвото за консултански услуги АЦТ! ДОО Скопје. Друштвото е основано во 2008 година од страна на консултанти со големо искуство стекнато преку работење во различни области и со бројни јавни и донаторски институции. Активностите на АЦТ! се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Република Македонија и регионот, преку давање на консултантски услуги во областа на правото и управувањето со проекти. АЦТ! е посветен на испорака на резултати со висок квалитет, добиени преку крајно професионален процес и однос кон клиентите, чии потреби се внимателно оценети и соодветно задоволени.
Какви услуги обезбедува АЦТ?
АЦТ! ги фокусира своето работење и ресурси во следниве области:
• Реформи и промени (re-engineering) на процедурите во јавниот сектор
• Правна и друг тип на консултанска помош на клиенти од приватниот сектор
• Управување со проекти финансирани од странски донатори (360° PROJECT MANAGEMENT)
• Организирање на обуки поврзани со новините во закондавството за претставници на јавниот и приватниот сектор
Повеќе за услугите и досегашното искуство на АЦТ! на: www.act.com.mk
Од 2017 година, АЦТ! го проширува портфолиото на услуги со нов деловен потфат - Електронската база на прописи и судски одлуки ПРАКСИС.
Тимот на Праксис го сочинуваат лица со големо искуство и стручност, но и млади и талентирани лица. Профилот на вработени лица е разновиден од искусни правници и млади приправници преку преведувачи до специјалисти за продажба. Во работата на ПРАКСИС се вклучени и неколку надворешни соработници: Иван Колевски (во обработката на судските пресуди), други истакнати правници и преведувачи на албански и англиски јазик.