Најбрзиот начин да ja најдете правната информација која ја барате
Нови функционалности кои ви обезбедуваат молскавична брзина и сигурност при правните истражувања.
Вашиот сеопфатен систем за сите правни информации
Инстантен пристап до актите кои ви се потребни овозможен со алатката за напредно пребарувње
Не само она што ви е потребно,
и повеќе!
Зошто ви се потребни пречистени текстови?
Затоа што...
9+
Пати во просек се менуваат законите
1200+
Пречистени прописи на македонски, албански и англиски јазик на Праксис
1000+
Задоволни корисници на Праксис - јавни институции, компании, адвокати, нотари, домашни и меѓународни организации
Кориснички фокус
„Праксис е алатка која ни помага да го најдеме она што ни треба на најбрз начин, а како што знаеме за нас компаниите, сѐ што е важно потребно е да се најде што е можно поскоро. Она што ми се допаѓа кај Праксис е што сè е на едно место, не морам да истражувам, а знам дека она што ќе го најдам е точно и ажурирано.“
СОЊА ПРОЧКОВА, НЕОТЕЛ ДОО Скопје
„Го користам Праксис затоа што е корисна алатка за моите секојдневни задачи, бидејќи ги има сите функционалности потребни за пребарување, преглед и достапност од кој било уред. Со оглед на тоа што има сѐ што е потребно за брзо и напредно пребарување и преглед, можам со сигурност да кажам дека работите се завршуваат брзо и ефикасно и нема непотребно губење време.“
СОЊА ПЕШЕВСКА, ИМПЕРИАЛ ТОБАКО
„Доволно време за одговор на двојно поголем број на доделени задачи кои бараат формулирање на правно мислење во рамките на оперативната работа. Нуди оптимизирано пребарување преку внесување клучни зборови и има мени за преглед.“
ГОРАЗД ПОПОВСКИ, СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје
„Со оглед на тоа што давањето правна помош се заснова на анализа на закони, регулативи и судска пракса, секојдневно го користам Праксис и ми помага во сите аспекти на пружањето ваква помош.“
ЃОРЃИ ГЕОРГИЕВСКИ, ODI Law
Искусете ја новата ера на правни истражувања
Сеопфатна база на правни акти
Забрзајте го вашето правно истражување со нашата сеопфатна правна база.
Дневни ажурирања
Бидете во чекор со последните правни информации кои се дневно ажурирани.
Ажурирани пречистени правни акти.
Обезбедете правна прецизност со ажурирани пречистени текстови на правни акти.
Едноставен кориснички пристап
Едноставен пристап до сите релевантни правни документи со истовремен приказ на еден екран.
Често поставувани прашања
Што е ПРАКСИС и каков вид на правни информации обезбедува?
ПРАКСИС е електронска база на прописи, пресуди и преводи која на практичарите / правните практичари / корисниците им обезбедува веродостојни и ажурирани правни информации. Нуди сеопфатна колекција на прописи вклучувајќи го основниот текст, консолидираната верзија, судски одлуки, предлог закони, прописи од регионални земји и ЕУ законодавството и преводи на прописите. Заедно со многу функционалности што го прават вашето искуство што е можно поедноставно и пријатно.
Што го разликува ПРАКСИС од други платформи за правни истражувања?
Праксис обезбедува голем број функционалности и придобивки што не можете да ги добиете од која било друга база на податоци освен нашата. Постојано растеме, па затоа немојте да се изненадите кога повремено ќе видите дека се додаваат нови вредни функционалности!
Колку често се ажурираат правните информации на ПРАКСИС?
Ве уверуваме дека ПРАКСИС се ажурира повеќе пати на дневно ниво со цел да обезбедиме валидна информација речиси во реално време, односно во најскоро време од нејзиното објавување. Не грижете бидејќи на ПРАКСИС нема да добиете застарени информации.
Како можам да пристапам на ПРАКСИС и кои се системските предуслови?
Можете да пристапите на ПРАКСИС од било кој уред со интернет врска, секогаш и од секаде!
Како да знам дали базата е наменета за мене?
Им нудиме 14-дневен бесплатен пристап на нашите нови клиенти без обврзувачки услови. Проверете и уверете се лично како ПРАКСИС ги воодушеви нашите 1000+ клиенти!
Започнете со вашиот 14-дневен бесплатен пробен пристап
Како можам да добијам корисничка поддршка доколку имам прашања или се соочувам со технички проблеми?
Можете да ни пишете преку контакт формата или да ни испратите е-меил на kontakt@praksis.mk. Доколку имате потреба од било каква техничка асистенција секогаш можете да побарате бесплатна асистенција и да ја добиете бараната помош. Задоволство ни е да ги дадеме одговорите на какви било прашања! / Ќе ни биде задоволство да ги одговориме сите ваши прашања!
Дали користењето на ПРАКСИС се наплаќа и кои се опциите за претплата?
Откријте ја разновидноста на посебно скроените претплатнички понуди за правни и физички лица. Нема предизвик кој не сме го надминале и не постои клиент кој останал незадоволен со нашите претплатнички понуди. Доколку имате специфични потреби, побарајте бесплатен пристап, а нашите продажни специјалисти ќе ве исконтактираат за да ви ги презентираат сите функционалности на ПРАКСИС и да ги одговорат сите ваши прашања.